Србинот во 2015 за голема сума се пресели во Премиерлигата

Две лица уапсени за перење пари и корупција при трансферот на Митровиќ во Њукасл

По наредба на обвинителството од Белгија утрово се упасени две лица поради перење пари и корупција при трансферот на Србинот Александар Митровиќ од Андерлехт во Њукасл.

Напаѓачот во 2015 се пресели на Сент Џејмс Парк во зделка вредна околу 18,5 милиони евра, но неодамна беше отворена истрага поради сомнителни активности и во април беше извршен претрес во канцелариите на Андерлехт и Фудбалската федерација на Белгија.

Утрово имало нови претреси на седум локации во Белгија, Монако и Лондон и биле уапсени две лица поради перење пари и корупција.

Како што пренесуваат медиумите, во Монако е приведен фудбалски агент, додека пак негов соработник е приведен во Лиеж.

Кога трансферот се реализираше пред четири години, медиумите шпекулираа дека за богатата зделка помогнале познатите агенти Пини Захави и Фаљи Рамадани, кој по потекло е од Македонија.

Сепак, во операцијата настрада Кристоф Анроте, еден од најпознатите агенти во Белгија, кој се грижи за кариерата на неколку репрезентативци на „ѓаволите“ како Тибо Куртоа и Јаник Караско, а посредувал и во трансферите на Ромелу Лукаку, Јури Тилеманс и Леандер Дендонкер.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе