Фудбалерите се во средината на пресметка помеѓу две банди

Две лица уапсени пред домот на Озил, сопругата на Колашинац поради закани побегнала од Лондон

Две лица биле уапсени во четвртокот вечерта пред домот на Месут Озил откако влегле во расправија со обезбедувањето, сопругата на Сеад Колашинац поради закани побегнала од Лондон и се вратила во Германија.

Арсенал не ги повика Германецот и Босанецот за гостувањето кај Њукасл во воведното коло од Премиерлигата. Без да откриваат детали, „топчиите“ само посочија дека имало нови безбедносни инциденти откако пред две недели Месут Озил и Сеад Колашинац беа мета на крадци.

Медиумие сега пишуваат дека во четвртокот вечерта биле уапсени две лица пред домо на Месут Озил. Полиција била повикана откако тие влегле во расправија со обезбедувањето на фудбалот.

Според пишувањата на Сан, Озил и Колашинац се под 24-часовна заштита, и се наоѓаат во средината на судир помеѓу две банди. Весникот исто така вели дека сопругата на Босанецот е исплашена од заканите па побегнала од Лондон и се вратила во Германија.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе