Се тресе столчето на Французинот

Две имиња во игра како замена за Зидан на клупата на Реал Мадрид

Флорентино Перез се подготвува за ангажман на нов тренер во случај Реал Мадрид да продолжи да реди порази, легандата Раул е прва опција за замена на Зинедин Зидан а како алтернатива се посочува Маурисио Покетино.

По поразот од Кадиз во Ла Лига и поразот од Шахтар во Лигата на шампиони, медиумите почнаа да пишуваат дека се тресе столчето на Зинедин Зидан. Флорентино Перез синоќа се симнал во соблекувалната на Реал Мадрид и го известил стратегот дека мора веднаш да се подигне нивото.

Пред „кралевите“ сега се две гостувања, најпрво кај Барселона во сабота, a потоа во вторник кај Борусија Менхенгладбах, па доколку загубат и на овие два натпревари, многу лесно може да се случи Зизу да добие отказ.

Според пишувањата на АС, Флорентино Перез се подготвува за ангажман на нов тренер и на ум има две имиња.

Како прва опција се споменува легендата Раул, кој го предводи Реал Мадрид Кастиља и минатата сезона донесе триумф во младинската Лига на шампиони.

Но кормилото на првиот тим може да биде „голем залак“ па како алтернатива е Маурисио Покетино, кој и во минатото беше на радарот на Реал Мадрид.

 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе