ФИФПро изрази сочувство

Двајца фудбалери убиени во војната помеѓу Украина и Русија

Здружението на професионални фудбалери, ФИФПро соопшти дека двајца украински фудбалери, Витали Сапило и Дмитро Мартиненко биле убиени во воената интервенција на Русија.

Изминативе денови имаше неколку извештаи за спортисти кои го загубиле животот во војната помеѓу Украина и Русија. Здружението на професионални фудбалери, ФИФПро попладнево соопшти дека биле убиени двајца фудбалери.

Се работи за 21 годишниот Витали Сапило, член на младинскиот тим на Карпати Лвив и 25 годишниот Дмитро Мартиненко од ФК Гостомел.

Се говори дека Витали Сапило бил убиен на 25. февруари во околината на Киев во борбите со руските војници.

Дмитро Мартиненко го загубил животот заедно со неговата мајка кога нивниот дом бил бомбардиран.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе