Серија А

Два прекрасни погодока и голем пресврт на Аталанта, Лацио на колена во Бергамо (ВИДЕО)

Аталанта го совлада Лацио и покрај тоа што имаше два гола негатива по десетина минути игра, мечот го одбележаа два прекрасни гола на Сергеј Милинковиќ Савиќ и Руслан Малиновски.

„Нероаѕурите“ од Бергамо му направија голема услуга на Јувентус во трката за Скудетото, откако вечерва ја добија пресметката со Лацио и тоа со голем пресврт.

„Бјанкочелестите“ по само десет минути играа имаа предност од 0-2 откако Де Рон си постигна автогол, а Милинковиќ Савиќ испрати проектил од далечина.

Госенс пред крајот на првиот дел намали на 1-2, а Малиновски во 66. минута му одговори на СМС и од врвот на шеснаесетникот биеше неодбранливо под пречката за 2-2.

Во 80. минута, Паломино скокна највиско по еден корнер и го заокружи кам-бекот на домаќините.

На вториот натпревар од 21:45 часот, Рома исто така со пресврт во вториот дел славеше против Сампдорија. Габијадини ги донесе гостите во предност, а во продолжението од мечот, Един Џеко со два гола донесе триумф од 2-1 и три бода за „волчицата“ во трката за топ четири пласман.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе