Ќе ја активираат откупната клаузула

Два месеци им беа доволни за да пресечат, ПСЖ решил да го купи Икарди за 70 милиони евра

На Мауро Икарди не му требаше многу време да го убеди раководството на ПСЖ, „светците" се задоволни од она што го виделе и по само два месеци решиле дека во целост ќе го купат напаѓачот.

Аргентинецот во последните денови од летниот преоден рок пристигна на Паркот на Принцовите. Зделеката е позајмица до крајот на сезоната, а се верува дека ПСЖ поседува и опција да го купи напаѓачот за околу 70 милиони евра.

По кусиот период на прилагодување на новата средина, Мауро Икарди почна редовно да ги тресе противничките мрежи и веќе има седум гола на седум меча.

Тутомеркатовеб вели дека радковоството на „светците“ е задоволено од она што го виделе, па по само два месеци донеле одлука да го направат перманентен престојот на голгетерот во Париз.

Тие во декември и јануари ќе се обидат да ги испеглаат сите детали со Интер, и да се осигураат дека друг клуб нема да им го украде Мауро Икарди.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе