Лига на шампиони

Два големи кикса на Варан, Сити го елиминираше Реал Мадрид од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 2-1 славеше и на вториот осминафинален натпревар против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, Рафаел Варан беше трагичар, направи два огромни кикса и му ги подари и двата гола на англискиот тим. 

Серхио Рамос поради суспензија од трибините го следеше денешниот меч меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, одбраната без него беше во ужасно издание.
 
Рафаел Варан кој не важи за киксер, денеска го имаше својот најлош меч во кариерата.
 
Французинот најпрво направи огромна грешка во деветата минута, му подари топка на Габриел Жесус кој асистираше до Стерлинг за водство на Манчестер Сити од 1-0.
 
По една одлична акција во 28. минута Бензема постигна гол со глава за израмнување на 1-1.
 
Во 68. минута уште еден голем кикс на Варан, овој пат го искористи Габриел Жесус кој погоди за победа на Манчестер Сити од 2-1.
 
Одбраната на Реал Мадрид вклучувајќи ги играчите и од средниот ред направи уште неколку сериозни киксови, но Сити не ги искористи.
 
На крајот заслужена победа на Манчестер Сити кој во четвртфиналето ќе игра против Лион кој направи изненадување откако го елиминираше Јувентус.
 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе