Премиерлига

Два гола од пенал на Погба за три бода на Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед славеше тешка победа против Вест Хем од 2-1 благодарение на два погодоци од пенал на Пол Погба.

Манчестер јунајтед освои три многу важни бодови во битката за позициите кои водат во Лигата на шампионите откако на свој терен го совлада Вест Хем.
 
Јунајтед рано поведе уште во 19. минута добија пенал кој го реализираше Пол Погба.
 
По четири минути игра во вториот дел Фелипе Андерсон изедначи на 1-1 и го врати мечот на почеток.
 
Во наредниот период и двете екипи имаа шанси, Вест Хем многу лесно можеше да дојде до водство, но благодарение на пречката и една чудесна одбрана на Де Геа, Јунајтед се спаси.
 
Во 80. минута Марсијал беше фаулиран, судијата покажа на белата точка, Пол Погба погоди уште еднаш и му донесе победа на Јунајтед од 2-1.
 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе