Серија А

Два гола од корнер и помош од ВАР, Наполи и Елмас си заминаа со три бода од Верона (ВИДЕО)

Наполи забележа триумф од 0-2 на „Бентегоди", „наполитанците" два пати ја тресеа мрежата на Верона од корнер а имаа и помош од ВАР за поништен гол на домаќините.

По триумфот во Купот на Италија, Наполи вечерва победи и на ре-стартот од Серија А, избраниците на Џенаро Гатузо славеа со 0-2 на гостувањето кај Верона.

Резултатот беше отворен во 38. минута. По еден корнер, домаќините заборавија на Милик, кој со глава биеше за 0-1.

По еден час игра, Верона изедначи на 1-1, но голот беше поништен со ВАР поради играње со рака на Фараони. Фудбалерот на домаќините немаше никаква намера, но новите правила се строги и секој допир со рака во напад се санционира.

Трите бода беа осигурани во последните мигови и тоа одново од корнер. Лозано најдобро се снајде на втората статива и ја смести топката во мрежата.

Нашиот Елиф Елмас денеска не доби шанса, и мечот го помина на клупата за резерви.

На вториот натпревар од 19:30 часот, Каљари победи по пауза од шест месеци, Џовани Симеоне донесе радост против СПАЛ во 93. минута.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе