Ливерпул фуриозно го почна мечот, по само осум минути игра веќе водеше со 2-0. Салах погоди во шестата минута, а две минути подоцна Хендерсон реализираше од далечина.
Пред крајот на првото полувреме Тросард намали на 2-1 и го врати Брајтон во игра.
Но, Салах на 15 минути до крајот погоди со глава за конечна победа од 3-1.
Претходно Манчестер Сити со 5-0 беше подобар од Њукасл, Шефилд јунајтед со 1-0 го совлада Волвс, Барнли со истиот резултат славеше гостинска победа кај Вест Хем.