Лига на шампиони

Два гола на Мората, Пирло со победа тргна во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Јувентус триумфираше на гостувањето кај Динамо Киев, Алваро Мората со два гола донесе победа од 0-2, Клуб Бриж со 1-2 славеше на гостувањето кај Зенит.

Андреа Пирло со победа тргна во Лигата на шампиони, вечерва Јувентус славеше на гостувањето кај Динамо Киев. Херој на мечот беше Алваро Мората, Шпанецот постигна два гола.

На стартот од вториот дел, напаѓачот се најде на право место во право време и една одбрана на голманот Бушчан ја смести во мрежата.

На пет минути до крајот, Квадрадо испрати остра топка а Мората погоди со глава за 0-2.

На вториот денешен натпревар од 18:55 часот, Клуб Бриж во 93. минута стигна до триумф од 1-2 на гостувањето кај Зенит.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе