Лига на нации

Два гола на Гризман за победа на Франција над Германија (ВИДЕО)

Франција со пресврт во второто полувреме ја совлада Германија со 2-1, херојот на мечот беше Антоан Гризман кој ги постигна и двата погодоци.

Дербито на денот во Лигата на нации се играше во Париз каде Франција ја пречека Германија.
 
Светскиот шампион одигра лошо прво полувреме во кое Германија со гол на Тони Крос во 14. минута од пенал водеше со 1-0.
 
Но работите се променија во вториот дел во кој Французите одиграа на многу повисоко ниво.
 
Во 62. минута по асистенција на Лукас, Гризман постигна мајсториски гол со глава за израмнување на 1-1.
 
На десет минути пред крајот беше досуден уште еден пенал, овој пат за Франција кој го реализираше Гризман за пресврт и победа од 2-1.
 
Во лига Б се одиграа два натпревари, Велс со 1-0 победи на гостувањето кај Република Ирска, а со истиот резултат Украина на свој терен ја совлада Чешка.
 
Во лига Ц исто така се одиграа два дуели, Норвешка со 1-0 ја победи Бугарија, а Словенија и Кипар ги поделија бодовите играјќи 1-1.
 
Најмногу мечеви имаше во лига Д во која Македонија загуби од Ерменија со 4-0, со истиот резултат Казакстан ја победи Андора. Гибралтар дојде до уште еден триумф, овој пат над Лихтенштајн, а Грузија со 3-0 славеше на гостувањето кај Летонија.
 

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе