Еспањол остана со празни раце во пресметката со Реал Мадрид иако само минути ги делеа домаќините да се изборат за реми.
Реал Мадрид одлично го отвори натпреварот, Чуамени го проигра Винисиус, кој по земја погоди за 0-1.
Еспањол изедначи на крајот од првиот дел, Хоселу одлично се снајде и го совлада Куртоа за 1-1.
Бензема ја затресе мрежата на Еспањол по дваесетина минути игра во второто полувреме, но голот беше поништен поради мал офсајд.
Сепак, на домаќините им немаше спас кога Бензема во финишот од мечот доби топка на подалечната статива и реализираше за 1-2.
Длабоко во судиското надополнување имаше мала драма откако гостите постигнаа трет гол, кој беше поништен поради офсајд, но со ВАР беше покажан црвен картон на голманот и слободен удар за „кралевите“.
Еден од дефанзивците на Еспањол застана на голот, па Бензема итро биеше во неговиот агол и ги постави конечните 1-3.