Ла Лига

Два бода од четири меча, Барса и Меси останаа разочарани и против Алавес (ВИДЕО)

Барселона одигра само 1-1 на гостувањето кај Алавес, Нето им подари предност на домаќините, Гризман со мајсторски лоб се погрижи да биде избегнат срамен пораз.

По одличниот старт во новата сезона од Ла Лига, Барселона влезе во резултатска криза. Избраниците на Куман имаат два бода од четири меча откако вечерва одиграа само 1-1 на гостувањето кај Алавес.

По половина час игра, Нето не знаеше што сака со топката па им подари гол на домаќините, Риоха ја затресе празната мрежа за 1-0.

Барселона изедначи во 63. минута, Гризман го постигна својот прв гол оваа сезона со мајсторски лоб.

„Каталонците“ потоа силно притиснаа, имаа неколку шанси за пресврт но не постигнаа втор гол, па Лео Меси и другарите разочарани си заминауваат од „Мендизороца“.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе