Серија А

Душан Влаховиќ го спаси Јувентус од пораз (ВИДЕО)

Болоња беше блиску до победа против Јувентус во Торино, но Душан Влаховиќ со погодок во судиското продолжение донесе реми за фаворитот. 

Јувентус беше голем фаворит против Болоња, но на крајот се спасуваше од пораз.
 
Болоња остана со девет фудбалери во финишот и не можеше да ги издржи силините напади на Јувентус.
 
Резултатот беше отворен во 52. минута кога Арнаутовиќ постигна гол за водство на Болоња од 1-0.
 
 
Потоа почна силен протисок на Јувентус кој не реализираше неколку шанси. Клучниот момент на мечот се случи во 84. минута кога Сумаоро заработи црвен картон, а Медел поради протест за тоа доби два жолти картони па и тој беше исклучен.
 
Потоа следуваше уште пожесток притисок на Јувентус а во 94. минута конечно дојде и гол. Мората биеше со ножички, топката дојде до Влаховиќ кој со глава ја смести во мрежата на гостите за конечни 1-1.
 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе