Премиерлига

Дури 22 гола на четири меча на Боксинг деј, дури девет на Етихад (ВИДЕО)

Традиционалниот „Боксинг деј“ во Премиерлигата почна исклучително ефикасно, на четири меча беа постигнати дури 22 погодоци, Манчестер Сити го победи Лестер со 6-3.

Во историјата на Премиерлигата, често знаело да има многу голови на „Боксинг деј“, а таков е и денешниот.
 
Најефикасно беше на Етихад, каде што Манчестер Сити со 6-3 го победи Лестер.
 
Граѓаните уште во првото полувреме поведоа со 4-0 со голови на Де Брујне, Махрез, Гундоган и Стерлинг.
 
Но потоа следуваше шок за домашните, Лестер даде три гола преку Медисон, Лукман и Ихеначо и намали на 4-3.
 
Но брзо стигна студен туш од Лапорт кој зголеми на 5-3, а конечните 6-3 ги постави Стерлинг со својот втор гол.
 
Арсенал со 5-0 победи на гостувањето кај Норич. Сака даде два гола, по еднаш погодија Тирни, Лаказет и Смит Роу.
 
Тотнем со 3-0 го совлада Кристал Палас, Кејн, Лукас Мура и Сон ги дадоа головите.
 
Изненадување направи Саутемптон кој со 3-2 победи на гостувањето кај Вест Хем. Гостите трипати водеа, домаќините само двапати израмнуваа.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе