Квалификации за ЕП 2020

Драматична разврска во Групата Ф, 92. минута кобна и за Шведска и за Романија, Шпанија оди на ЕП (ВИДЕО)

Шпанија е новата земја која си обезбеди билет на ЕВРО 2020 откако во 92. минута стигна до бод на гостувањето кај Шведска, Романците не го искорити овој кикс откако и тие примија гол во 92. минута и останаа без два бода.

Вистинска драма се случуваше вечерва во Групата Ф, каде првото место е резервирано за Шпанија, а Шведска и Романија се борат за второто место и ги дели само еден бод.

Шведска од стартот на вториот дел имаше водство од 1-0 над Шпанија, а Романија откако промаши пенал во 52. минута, поведе против Норвешка во 62. минута. Но двата натпревари имаа возбудлива завршница, Родриго погоди во 92. минута и избори бод со кој „црвената фурија“ на две кола пред крајот го обезбеди пласманот на Европското првенство.

Романија сепак не го искористи овој подорак, откако и тие примија гол во последните мигови, односно 92. минута и за нив беше кобна. Норвешка, која има само теоретски шанси, преку Сорлот ја замолка Националната арена во Букурешт. Па ситуацијата на табелата остана статус кво, и следното коло ќе биде многу значајно зошто се среќаваат токму Романија и Шведска.

На последниот натпревар од оваа група, Фарски Острови одново ја совладаа Малта, овој пат со 1-0.

Во Групата Ј, еуфоријата која ја зафати БиХ кратко траеше. Босанците пред неколку дена ја растурија Финска и ги вратија надежите за пласман на ЕП, но вечерва тие загубија на гостувањето кај Грција со 2-1, а Финска славеше со 3-0 дома против Ерманија па разликата е пет бода на две кола до крајот и шансите се само теоретски.

Италија останува перфектна, „аѕурите“ немаа многу мака против Лихтенштајн и стигнаа до висок триумф од 0-5. Швајцарија издвојува важна победа и со 2-0 ја совлада Ирска, во меч од нашата група, Израел со 3-1 ја победи Латвија, а Грузија со 2-3 триумфираше кај Гибралтар.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе