СП 2022

Драматична ноќ, Аргентина и Полска одат во осминафинале, Мексико не успеа (ВИДЕО)

Аргентина со 2-0 ја победи Полска и се пласираше во осминафиналето, таму ќе бидат и Полјаците благодарение на подобра гол разлика од Мексико кој со 2-1 ја совлада Саудиска Арабија. 

Аргентина оствари многу значајна победа, не само за да се пласира во осминафиналето, туку и за да го освои првото место во групата и да ја избегне Франција.
 
Аргентина напаѓаше во текот на целиот меч, Полска се определи за одбрната и на крај ја оствари целта иако можеше да биде и поинаку.
 
Во 39. минута Меси промаши пенал, Шчесни го одбрани неговиот удар. Пеналот за Аргентина беше крајно сомнителен.
 
 
Но по само неколку секунди во вториот дел МекАлистер даде гол за водство на Аргентина од 1-0.
 
 
Во 67. минута погоди и Алварез за 2-0, тоа беше конечниот резултат на натпреварот.
 
 
На другиот меч беше драматично, Мексико со головите на Мартин и Чавез во вториот дел имаше водство од 2-0 и бркаше уште еден погодок за да ја надмине Полска.
 
 
Но, наместо тие да дадат трет гол, Ал Давсари во 95. минута постигна почесен погодок за Саудиска Арабија за конечни 2-1 за Мексико.
 
 
Аргентина со шест бода го освои првото место, Полска е втора со четири бода, толку има и Мексико кој е на третото место, последна е Саудиска Арабија со три бода.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе