Премиерлига

Драматичен финиш, Манчестер Сити и Ливерпул со пресврти до победи (ВИДЕО)

Манчестер Сити славеше тешка победа над Саутемптон од 2-1, со истиот резултат Ливерпул ја победи Астон Вила откако Мане даде гол во 94. минута, Арсенал одигра само реми против Волвс. 

Возбудливи натпревари во Серија А, Манчестер Сити и Ливерпул во финишот доаѓаа до победите, лесно можеа да кикснат, но се спасија.
 
Манчестер Сити влезе како огромен фаворит против Саутемптон, но гостите со гол на Ворд Праус во 13. минута дојдоа до водство од 1-0.
 
Тимот на Гвардиола долго време се обидуваше да изедначи, тоа конечно им успеа во 70. минута преку Агуеро. А победата дојде во 86. минута со гол на Вокер.
 
Победата на Ливерпул на Вила Парк беше уште потешка. Домаќините во 21. минута со гол на Трезеге дојдоа до предност од 1-0.
 
Ливерпул дури во 87. минута преку Робертсон изедначи на 1-1, а во четвртата минута од судиското продолжение Мане даде гол за победа од 2-1.
 
Арсенал на свој терен не успеа да го победи Волвс иако со гол на Обамејанг водеше со 1-0 од 21. минута.
 
На 15. минути до крајот Хименез погоди со глава за конечни 1-1.
 
Најубедлив денеска беше Шефилд јунајтед кој со 3-0 го совлада Барнли, Њукасл со 3-2 славеше на гостувањето кај Вест Хем, а Брајтон со 2-0 го совлада Норич.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе