Серија А

Драма во Лече, Каљари во меч со луд финиш прокоцка водство од 2-0 (ВИДЕО)

Одложениот меч меѓу Лече и Каљари донесе големи возбудувања во финишот од натпреварот кој на крајот заврши без победник 2-2. 

Лече и Каљари одиграа натпревар со исклучително возбудлив финиш, четири гола и три црвени картони имаше на Виа Дел Маре.
 
Каљари поведе во 30. минута од натпреварот кога по косултација со ВАР судијата покажа на белата точка по играње со рака од еден домашен фудбалер, Жоао Педро беше реализатор за 1-0.
 
Во 67. минута Раџа Наинголан начека една одбиена топка и ја смести во мрежата на Лече за водство на Каљари од 2-0.
 
Се чинеше дека Каљари ќе забележи уште една лесна победа, но во 80. минута се се промени.
 
По еден карамбол, Качаторе играше со рака, голмански ја одбрани топката, заслужено доби директен црвен картон и беше покажан пенал за Лече. Лападула постигна гол и намали на 1-2.
 
По дадениот гол Лападула се стрча да ја земе топката и да ја однесе брзо на центарот, но голманот Олсон ја фати прв и ја шутна далеку. Двајцата имаа и вербална и физичка пресметка по која добија црвени картони.
 
Лече со играч повеќе притисна и во 91. минута преку Калдерони го израмни резултатот на 2-2.
 
Домаќините до последниот свиреж на судијата имаа шанси и за комплетен пресврт, но тоа не се случи, мечот заврши нерешено.
 

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе