Бундеслига

Драма во Келн, домаќините со два гола во самиот финиш се спасија од пораз против Фортуна (ВИДЕО)

Келн и Фортуна Дизелдорф одиграа возбудлив натпревар кој заврши без победник 2-2, гостите прокоцкаа водство од два разлика во финишот од мечот. 

EPA-EFE/THILO SCHMUELGEN
Колото од Бундеслигата заврши со возбудлив натпревар, Келн со два гола во финишот дојде до бод против Фортуна.
 
На пет минути до крајот на првото полувреме гостите поведоа со 1-0 со погодок на Караман.
 
Во 59. минута Келн имаше шанса од пенал да изедначи но Ут го промаши пеналот, голманот Кастенмаер му одбрани.
 
Казната дојде само две минути подоцна кога Томи постигна гол за водство на Фортуна од 2-0.
 
Кога речиси никој не ни помислуваше дека Келн може да се врати, Модесте со глава во 88. минута го намали водство на Фортуна на 2-1.
 
А Кордоба во 91. исто така со глава погоди за израмнување на 2-2 поставувајќи го конечниот резултат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/THILO SCHMUELGEN

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе