НБА

Драма, Торонто го победи Бостон со тројка на пола секунда до крајот! (ВИДЕО)

Торонто на фантастичен начин, со тројка на пола секунда до крајот го победи Бостон со 104:103 и намали на 2-1 во серијата, Лос Анџелес Клиперс со убедливи 120:97 ја добија првата пресметка со Денвер. 

Исклучително возбудлив крај имаше мечот меѓу Торонто и Бостон, канадскиот тим до победата дојде на само половина секунда до последниот звук на сирената.
 
Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, екипите се менуваа во водство, на половина секунда до крајот Бостон имаше водство од 103:101, но тогаш Ануноби постигна тројка за победа и огромна радост на кошаркарите на Торонто. Тие со овој триумф намалија на 2-1 во полуфиналната серија на истокот.
 
 
Лаури со 31 поен беше најефикасен на теренот, кај Бостон Вокер постигна 29, Тејтум имаше за него скромни 15 поени.
 
 
Лос Анџелес Клиперс моќно ја почна полуфиналната серија против Денвер, победија со 23 поени разлика, 120:97.
 
Беше неизвесно само во првата четвртина која заврши 31:31, вториот период Клиперс го добија со дури 18 поени разлика, 38:20 и го најавија убедливиот триумф.
 
Ленард со 29 поени беше најдобар на мечот, кај Денвер најефикасен беше Јокиќ со 15 поени.
 
 
Резултати:
 
Бостон - Торонто 103:104 (2-1)
ЛА Клиперс - Денвер 120:97 (1-0)

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе