Наместо топката ја шутна главата на противникот

Драма на Молињу, Хименез проба ножички и го „утепа“ бекот на Слован, кој наместо да се врати дома преноќи во болница (ВИДЕО)

Обидот на Раул Хименез да постигне атрактивен гол со ножички за малку можеше да заврши трагично, напаѓачот на „волците" наместо топката го удри противничкиот дефанзивец во глава и го испрати во болница.

На „островото“ минатата недела се случи хорор повреда на Андре Гомеш, а синоќа љубителите на фудбалот беа сведоци на нови немили сцени. На натпреварот помеѓу Вулверхемптон и Слован Братислава, Раул Хименез го „патосираше“ Кенан Бајриќ и го испрати во болница.

Ѕвездата на домаќините се обиде атрактивно да стрела со ножички, но наместо да ја шутне топката, го погоди гостинскиот дефанзивец во глава, кој веднаш се струполи на тревата. За среќа голманот на Слован реагираше присебно, веднаш притрча и не дозволи Кенен Бајриќ да си го проголта јазикот.

Потоа лекарскиот тим му укажуваше помош десетина минути, го изнесоа на носилка и го однесоа право во болница. И додека останатиот дел од тимот се врати дома, Кенан Бајриќ мораше вечерта да ја помине во болница на опсервација бидејќи имал сериозен потрес на мозокот.

„Тој е свесен, но имаше потрес на мозокот“ – брифираше тренерот на Слован, Јан Козак. „Повредата не е наивна, туку голема, прилично сериозна. Доби удар во глава. Вечерва нема да си оди дома со нас. Ќе остане во болница на опсервација“.


Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе