Лига на шампиони

Драма на Максимир, Адеми погоди за 3-1 па Динамо во судиското надополнување прими два гола (ВИДЕО)

Динамо Загреб пропушти голема шанса да направи исчекор кон осминафинале во Лигата на шампионите, нашиот Аријан Адеми погоди за 3-1 но потоа „модрите“ примија два гола во судиското надополување и Шахтар си замина со бод од Максимир.

Динамо Загреб и Шахтар одиграа возбудлив меч со два црвени картони и шест погодока. Речиси сите на Максимир сметаа дека трите бода се осигурани кога Аријан Адеми погоди за 3-1 во 89. минута од мечот. Македонецот искористи една лоша проценка на гостинскиот голман и на втората статива начека едно додавање кое го смести во мрежата на противникот.

Сепак, Шахтар не се предаде и во продолжениеот се избори за голем бод со кој трката за второто место во групата останува отворена. Најпрво Мораеш погоди во 93. минута, за потоа Тете од пенал во 97. минута да изендачи на 3-3.

Претходно, гостите од Украина поведоа во 13. минута со голот на Алан Патрик, за Петковиќ да реализира за 1-1 во 25. минута. Во 74. минута, Моро заработи втор жолт картон и изсклучување во редовите на Динамо, за пет минути подоцна силите да бидат изедначени откако по втор пат во бележникот на судијата влезе и Марлос од Шахтар.

Лука Иванушец во 83. минута реализираше за 2-1 и ја најави драматичната завршница во која домаќините испуштија голема шанса да направат исчекор кон осминафинале.

На вториот меч од Групата Ц, Аталанта стигна до првиот бод откако одигра 1-1 пред своите фанови против Манчестер Сити. Стерлинг погоди за рано водство на гостите, пред крајот на првиот дел Жесус промаши пенал, а казната за ова стигна во 49. минута од мечот кога Пaшалиќ со глава ја затресе мрежата на „граѓаните“ за реми.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе