Непријатен момент за Саудијците

Драма на аеродромот во Ростов, се запали авионот на Саудиска Арабија! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија доживеа непријатен момент при слетувањето на аеродромот во Ростов откако се запали еден од моторите на авионот со кој слетуваа.

Фудбалерите на Саудиска Арабија денеска имаа многу полошо искуство отколку поразот од Русија во првото коло. Авионот на „Рашн Ерлајнс“ со кои патуваа имаше инцидент при слетувањето откако се запали еден од моторите.
 
„Фудбалската федерација на Саудиска Арабија сака да ги извести сите дека сите играчи на Саудискиот национален тим се безбедни по техничкиот проблем на еден од моторите на авионот со кој штотуку слетавме на аеродромот во Ростов Дон, сега тие одат безбедно кон нивната резиденција“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија.
 
Од инцидентот се појави и видео снимено од некој од патниците на кое се гледаат пламени јазици под крилото на Ербасот А319-100.
Саудиска Арабија во првото коло изгубија со убедливи 5-0 од домаќинот Русија, во второто се среќаваат со фаворитот во групата, селекцијата на Уругвај.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе