Србија

Драган Стојковиќ - Пикси е нов селектор на Србија: Мора да гинеме за земјата, грбот и химната

Фудбалскиот сојуз на Србија денеска и официјално го назначи Драган Стојковиќ - Пикси за нов селектор на фудбалската репрезентација на оваа земја. 

ФСС денеска потврди дека потпиша тригодишен договор со Пикси, тој ќе ја води селекцијата до крајот на квалификациите за Европско првенство 2024 година.
 
„Пресреќен сум и во исто време исклучително горд. Не постои поголема чест од тоа да се биде селектор на својата земја. Не можев да посакам подобар подарок за роденден. Свесен сум за одговорноста која ја преземам, но исто така верувам во сопствените квалитети, во квалитетите на моите соработници и огромниот потенцијал кој го има нашата репрезентација“, вели Драган Стојковиќ - Пикси.
 
„Чувствувам голема поддршка од сите страни која ќе биде неопходна за да ги оствариме нашитие цели. Многу брзо почнуваат квалификациите за Светското првенство. На големо се подготвуваме, ги анализираме противниците од кој првите два се исклучително тешки и реално наши главни ривали за првите две места во групата“.
 
„Како што неодамна изјавив, мораме да бидеме единствени, да гинеме за дресот на нашата земја, грбот и химната. Нема друг начин за да се дојде до успех. Резултатот е приоритет, но исто така сакам и да доминираме, да одиме на гол повеќе и да бидеме ние тие кои ќе го контролираат натпреварот“.
 
„Ќе има тешки момнети, но и тогаш ќе биде неопходно единството, вербата и оптимизмот дека првиот следен натпревар ќе биде подобар. Уште една благодарност до Фудбалскиот сојуз на Србија за довербата и се надевам дека заедно ќе имаме причини да се радуваме на успеси на нашата репрезентација“.