Лига на нации

Доволен ни е бод против Ерменија, но сакаме со победа да го завериме првото место и пласманот во Лига Б

Македонската фудбалска репрезентација, денеска со почеток од 18 часот на Кипар го игра натпреварот со Ерменија кој може да ни донесе напредок во Лигата на нации, место во Лига Б, за остварување на целта, доволен ни е бод. 

Фото: ФФМ - Игор Паневски
По победите над Грузија и Естонија, Македонија има уште една задача во овој термин за репрезентативен фудбал, имаме уште една клучна битка, против Ерменија за пласман во Лига Б од Лигата на нации.
 
Ангеловски има сериозни проблеми во составот, недостасуваат многу фудбалери, Македонија ќе има нов лик на Кипар, отсутни се Пандев, Елмас, Барди, Алиоски, Адеми, Димитриевски, Ристевски, Николов и Спировски, безмалку целиот прв тим, но оние кои ќе добијат шанса ќе го дадат максимумот за да го продолжиме позитивниот континуитет.
 
Проблеми имаат и Ерменците, денешните вести велат дека поради позитивни тестови на ковид-19, тие остануваат без четворица играчи, плус од претходно најавените отсуства.
 
Нам ни е доволен и еден бод од овој меч за да го освоиме првото место, Ерменија мора да оди на победа. Во меѓусебните мечеви со нив имаме четири победи, три порази, два натпревари завршиле нерешено. На последните две гостувања кај нив примавме по четири голови, но овој важен дуел се игра на неутрален терен, на Кипар.
 
Селекторот Игор Ангеловски вели дека и покрај тоа што ни е доволен бод за првото место, Македонија ќе оди на победа против Ерменија.
 
„Не сум тренер што калкулира, особено не да играм нерешено. Можеби тоа ми е маана. Не сум човек што се жали, и порано сме имале повредени, суспендирани и не сме се жалеле. Имаме доволно квалитет, играчите кои се тука се подготвени да покажат зошто се тука. Секој позитивен резултат не носи во Лига Б, и тоа е многу важно. Целта е прво место, да се заокружи овој циклус со победа“, вели Ангеловски.
 
Наш адут ќе биде позитивната атмосфера по остварувањето на главната цел, пласманот на Европското првенство, позитвниот ветар во грб кој дува во македонските фудбалери. Сите кои ќе настапат ќе сакаат да се докажат пред селекторот кој наскоро ќе почне да го крои списокот на фудбалери кои во јуни ќе ги поведе на континенталниот собир.
 

Легенда под Главна слика

Фото: ФФМ - Игор Паневски

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе