Доби и откупна клаузула од 1 милијарда евра

Доста беше играње како младинец, Гави стави потпис на нов богат договор со Барса

Барселона попладнево соопшти дека Гави го обновил договорот до јуни 2026 година, младиот Шпанец ќе добие откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Поради финансиските проблеми на Барселона, Гави играше како младинец за неговата плата да не влегува во буџетот.

Но откако изминативе месеци беа реализирани неколку трансакции за продажба на имот, плус заминувањето на Миралем Пјаниќ, се отвори доволно простор за младиот Шпанец да добие нов договор со зголемена плата и статус на првотимец.

„Барселона и Пабло Паез Гавира „Гави“ постигнаа согласност за продолжување на договорот до 30. јуни 2026 година. Откупната клаузула е поставена на 1 милијарда евра“ – гласеше известувањето.

Гави сега ќе може да одбере нов број на дресот и се говори дека штом Ла Лига даде зелено светло, на неговиот грб ќе стои легендарната „6-ка“, бројот кој го носеше и Чави.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе