Бундеслига

Дортмунд во голем стил ја започна сезоната и победа од 5-1 над Аугсбург (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд стигна до убедлива победа на стартот од новата сезона, на домашен терен го совлада Аугсбург со 5-1.

„Милионерите“ ја наполнија мрежата на Аугсбург во првото коло од Бундеслигата. Гостите одлично го отворија мечот на Сингл Идуна Парк и поведоа по 30 секунди игра преку Нидерлехнер.

Но Дортнунд веднаш се врати во игра, преку Алкасер изедначи на 1-1 во 3. минута. Иако брзо паднаа два погодока за следниот се чекаше дури до стартот на вториот дел.

Санчо искористи една лоша интервенција на голманот на Аугсбург и погоди за 2-1. Голманот на гостите на дужа го носи и третиот гол на домаќините откако испушти од рака една топка а Ројс реализираше за 3-1.

Во 59. минута од мечот Алкасер го постигна својот втор гол со удар од врвот на шеснаесетникот, а конечниот резултат беше поставен во 82. минута кога новајлијата во тимот, Бранд се запиша во листата на стрелците.

Возбудлив меч со пет гола одиграа Баер Леверкузен и Падерборн, домаќините славеа со 3-2. Фрајбург со 3-0 го совлада Маинц, Фортуна Дизелдорф со 3-1 триумфираше на гостувањето кај Вердер Бремен а Волфзбург пред своите фанови со 2-1 ја доби пресметката со Келн.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе