Бундеслига

Дортмунд убедливо го надигра Шалке за победата број 800 во Бундеслигата (ВИДЕО

Борусија Дортмунд со убедливи 4-0 ја доби пресметката со локалниот ривал Шалке и ја забележа победата број 800 во Бундеслигата, РБ Лајпциг киксираше против Фрајбург и се спаси од пораз благодарејќи на ВАР.

Продолжи сезоната во Бундеслигата, попладнево на програмата беа пет натпревари. Сите погледи беа вперени на Сигнал Идуна Парк каде се играше големото дерби на Рур. Борусија Дортмунд лесно го преслуша Шалке и славеше со убедливи 4-0.

Халанд го отвори резултатот во 29. минута по една одлична акција, а пред крајот на првиот дел Бранд му асистираше на Гереиро за 2-0. По само неколку минути во второто полувреме, Бранд повторно се најде во улога на асистент а Азар зголеми на 3-0. Конечниот резултат беше дело на Гереиро во 63. минута.

За Борусија Дортмунд, ова беше јубилеја победа број 800 во Бундеслигата.

Ре-стартот на првенството сепак не беше толку добар за РБ Лајпциг. „Биковите“ дома киксираа против Фрајбург (1-1), едвај стигнаа до бод и тоа благодарејќи на ВАР, видео технологијата им поништи гол на гостите длабоко во судиското надополнување и спречи тие со цел плен да се вратат дома.

На останатите мечеви, Херта со 0-3 славеше на гости кај Хофенхајм, а Волфзбург со 1-2 триумфираше кај Аугсбург. На пресметката помеѓу Фортуна Дизелдорф и Падерборн немаше погодоци.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе