Не помогна ни средбата со легендарниот Сер Алекс Фергусон

Дортмунд му набива комплекс на Манчестер јунајтед, го претекна до уште еден голем талент

Откако во јануари ја доби битката за потписот на Ерлинг Халанд, Борусија Дортмунд го претекна Манчестер јунајтед за уште еден голем талент, „милионерите" го обезбедија потписот на 17 годишниот Џуд Белингам од Бирмингем.

Фудбалерот од средниот ред на Бирмингем беше мета на најголемите клубови од Премиерлигата, а Манчестер јунајтед направи огромен напор да го донесе во своите редови.

Во март, Џуд Белингам и неговото семејство имаа прилика од прва рака да се запознаат со инфраструктурата на клубот, направија прошетка во тренинг комплексот во Карингтон а се сретнаа и со Сер Алекс Фергусон.

Сепак, ниту легендата на „ѓаволите“ не помогна, Џуд Белингам реши кариерата да ја продолжи во Бундеслигата, во редовите на Борусија Дортмунд.

Голем број на извори пренесуваат дека 17 годишното момче ставило потпис на петгодишен договор со „милионерите“ и ќе направи трансфер вреден 20 милиони фунти.

Една од причините за одлуката на Џуд Белингам е Џејдон Санчи и како напаѓачот доби минутажа и блесна на европската сцена по преселбата од Манчестер Сити на „Сигнал Идуна Парк“.

Англичанецот во Дортмунд се трансформираше во еден од најдобрите млади фудбалери и сега се поврзува со враќање на „островото“ во трансфер вреден 100 милиони фунти.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе