Почна војната за услугите на Норвежанецот

Дортмунд ја одби првата понуда на Челси за Халанд, на маса биле ставени пари и играчи

Борусија Дортмунд го одбил првиот предлог на Челси за услугите на Ерлинг Халанд, „сините" на „милионерите" им понудиле да изберат еден од Тами Абрахам и Хадсон Одои, плус да добијат одредена сума на пари.

Шампионот на Европа имал неуспешен обид да го ангажира Ерлинг Халанд. По најавите дека „сините“ подготвуваат луда понуда од 150 милиони фунти (175 милиони евра), попладнево пристигна информација дека Челси доставил конкретна понуда.

Како што пренесува Скај Германија, Челси на Борусија Дортмунд и понудил да избере еден од Тами Абрахам и Хадсон Одои, плус да добие одредена сума на пари, иако во овој момент нема информација за точната бројка.

„Милионерите“ сепак не биле импресионирани од предлогот и веднаш го одбиле.

Се верува дека Борусија Дортмунд не сака да остане без уште една ѕвезда откако Џејдон Санчо беше продаден на Манчестер јунајтед, дури и по цена да загубат огромна сума на пари. Се верува деак Ерлинг Халанд следното лето може да замине за 75 милиони евра.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе