Паднал договор

Дони ван де Бек е прво засилување за Солшер, Манчестер јунајтед го купи Холанѓанецот на попуст

Голем број на извори пренесуваат дека начелно е постигнат договор за трансфер на Дони ван де Бек на Олд Трафорд, Холанѓанецот се сели во Манчестер јунајтед за 45 милиони евра.

Конечно крај на трансфер сагата која трае повеќе од една година. Дони ван де Бек минатото лето требаеш да го напушти Амстердам заедно со Матајс де Лихт и Френки Де Јонг, неговото име често се поврзуваше со Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, но трансфер не се реализираше.

Откако Роналд Куман ја превзеде Барселона, Камп Ноу беше посочен како нова дестинација на Дони ван де Бек, но на крајот „ѓаволите“ ја добија битката.

Вечерва голем број на извори пренесоа дека начелно е постигнат договор за трансфер на Дони ван де Бек на Олд Трафорд. Се работи за зделка од 45 милиони евра, па Манчестер јунајтед ќе добие попуст од десетина милиони во однос на бројките за кои се шпекулираше пред 12 месеци.

Следната недела ќе се испеглаат сите детали и фудбалерот од средниот ред ќе стане прво засилување за Оле Гунар Солшер ова лето.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе