ПСЖ

Донесена е одлука, Мбапе ќе остане во ПСЖ и оваа сезона

Килијан Мбапе и Леонардо го одржале најавениот состанок за иднината на фудбалерот, одлучено е тој да го одработи договорот до крај.

Мбапе и спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо синоќа имале состанок на кој донеле одлука фудбалерот да не биде продаден ова лето туку да си го испочитува договорот до крај.

Двајцата одлуката им ја соопштиле на останатите во клубот, Мбапе им потврдил на соиграчите дека останува и ќе игра за ПСЖ оваа сезона.

И покрај тоа што ПСЖ следното лето ќе го загуби Мбапе како слободен играч, тие сакаат оваа сезона да го имаат триото Нејмар - Меси - Мбапе со кое сметаат дека ќе можат да ја освојат Лигата на шампионите.

По овој состанок би требало да завршат сите шпекулации за Мбапе, тој комплетно да се фокусира на ПСЖ, а Реал Мадрид ќе може да го ангажира следното лето како слободен фудбалер.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе