Милан

Донарума со емотивна порака се збогува од Милан (ВИДЕО)

Џиџо Донарума со емотивен пост на социјалните мрежи му кажа збогум на Милан, голманот вели дека направил тежок избор и додава дека „росонерите“ секогаш ќе бидат во неговото срце.

Џиџо Донарума одлучи да не го продолжи договорот со Милан и покрај тоа што на маса имаше богата понуда. Голманот реши да одбере нова авантура и преселба во редовите на ПСЖ, се очекува во скоро време да пристигне официјална потврда.

Изминатиов период тој ретко говореше на оваа тема, но сега откако заврши со настапите на ЕВРО 2020, му кажа збогум на Милан со емотивна порака.

„Некои избори се тешки, но мора да ги донесете за да станете маж. Пристигав во Милан кога бев дете, осум години го носев дресот со гордост, се боревме, страдавме, победувавме, плачевме, се радувавме заедно со соиграчите, тренерите, сите луѓе кои беа дел од клубот и со навивачите, кои беа важен дел од она што за мене беше семејство“, гласеше постот на социјалните мрежи.

„Во „црвено-црниот“ дрес имав убави јубилеи, како оној кога на 16 години дебитирав во Серија А. Поминав неверојатни години кои никогаш нема да ги заборавам“.

„Сега дојде време да кажам збогум, одлуката не беше лесна и еден пост сигурно дека не е доволен за да се објасни се, веројатно и никогаш нема да објаснам бидејќи длабоките емоции тешко се изразуваат преку зборови“.

„Можам да кажам дека во одреден момент најдобро е да изберете промена, да прифатите поинаков предизвик, да пораснете и да станете покомплетен“.

„Сите „росонери“ кои ги сретнав, од првиот па до последниот ден, секогаш ќе бидат во моето срце и важен дел од моето патување кое ме направи играчот кој сум денеска“.

„Му посакувам на Милан успех и ова го кажувам од срце, поради поврзаноста која ја имам кон овие бои, чувства кои нема да исчезнат поради далечината, ниту со текот на времето“.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе