Серија А

Донарума одбрани пенал, Пјонтек и Сусо погодија за важна победа на Милан против Фросиноне (ВИДЕО)

Милан се мачеше против отпишаниот Фросиноне но на крајот успеа да стигне до три важни бода, Донарума одбрани пенал а потоа Пјонтек и Сусо донесоа победа од 2-0.

„Росонерите“ во битката за топ четири пласман им треба победа во последните две кола и услуга oд Јувентус на мечот против Аталанта. 

Избраниците на Гатузо завршија дел од работата откако попладнево со 2-0 го совладаа отпишаниот Фросиноне. Но мечот на Сан Сари воопшто не беше лесен. 

На Милан тешко му одеше во првото полувреме резултатот беше 0-0 па играчите добија свирежи од публиката. На стартот од вториот домаќините можеа да бидат шокирани откако Абате со неспретна реакција направи пенал. 

Сепак, Донарума го спаси Милан и ја одбрани најстрогата казна. Ова им даде крилја на „росонерите“ кои преку Пјонтек поведоа во 57. минута а потоа Сусо во 66. минута ги реши сите дилеми.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе