ПСЖ

Донарума конечно добива шанса да застане на голот на ПСЖ

Во денешното издание, „Л'Екип“ пишува за голманската војна во ПСЖ во пресрет пред новото коло во француското првенство. 

ПСЖ има повеќе квалитетни голмани, па јасно е дека не може сите да бидат задоволни.
 
Досега прв избор на сите мечеви беше Кејлор Навас, но се очекува на утрешниот натпрпевар против Клермонт, Донарума да го има своето деби.
 
Кејлор Навас ноќеска бранеше за Костарика, па дури денеска би пристигнал во Париз и се верува дека нема да биде во комбинација за утрешниот натпревар.
 
Тоа знач дека Џиџо Донарума за првпат ќе застане меѓу стативите на ПСЖ.
 
„Л'Екип“ во веста за голманите со наслов „Донарума се смее, Рико почнува да се лути“, ја истакнува и ситуацијата на шпанскиот голман, Серхио Рико.
 
Рико беше резерва на Навас, а сега кога прстигна Донарума, тој е трета опција па не е ни повикнуван за натпреварите.
 
Ситуацијата за него е неприфатлива, почнал да биде незадоволен од неговиот статус и сака да си оди од ПСЖ уште во текот на следниот преоден рок.
 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе