ТАЛЕНТИРАНИОТ ГОЛМАН САКА ДА ЈА ПРОДОЛЖИ СОРАБОТКАТА

Донарума: Фан сум на Милан, се надевам дека ќе останам на Сан Сиро

Џиџо Донарума изрази надеж дека ќе остане во Милан, вели дека преговорите за новиот договор со Милан се во рацете на неговиот агент Мино Рајола

Големиот талент на „Росонерите“ минатиот месец наполни 18 години и сега може да добие нов побогат договор.

Но преговорите тапкаат во место поради одолговлекувањето на процесот на продажба на клубот на ивеститори од Далечниот Исток.

Агентот на Џиџо Донарума, Мино Рајола во неколку наврати изрази скептицизам за новите газди од Кина и сугерираше дека поради нив може да го однесе голманот во друг клуб.

Во разговор со медиумите од Италија, самиот Џиџо Донарума сега изрази надеж дека ќе остана на Сан Сиро.

„Се надевам дека ќе останам” – вели Донарума. „Фан сум на Милан па сакам да останам”.

„Што се однесува до новиот договор, за тоа се грижи мојот агент”.

Прашањето на потпишување договор за добрососедство со Бугарија е вештачко прашање.

повеќе

Никој од политичарите не сака на народот да му ја каже вистината. Вистината за Македонија.

повеќе

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе