ФИФА награди „Д Бест“

Доминација на Реал Мадрид во најдобриот тим според ФИФА (ФОТО)

Вечерва се наградите на ФИФА „Д Бест“, а веќе е познат најдобриот тим во кој дури четири играчи се од Реал Мадрид.

Вечерва во миланската „Скала“ ќе се доделуваат наградите на ФИФА за најдобрите.
 
Веќе е познат најдобриот тим според ФИФА, во него има четворица фудбалери од Реал Мадрид, по двајца од Барселона, Ливерпул и Јувентус и еден од ПСЖ.
 
На голот е Алисон (Ливерпул), во одбраната се Рамос (Реал Мадрид), Де Лихт (Јувентус), Ван Дајк (Ливерпул) и Марсело (Реал Мадрид), средниот ред го сочинуваат Лука Модриќ (Реал Мадрид), Де Јонг (Барселона), Азар (Реал Мадрид), напаѓачкото трио е сочинувано од Мбапе (ПСЖ), Меси (Барселона) и Роналдо (Јувентус).
 

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе