Англичанецот повторно е на врвот во тешка категорија

Доминација на „кралот: Со неверојатен перформанс Тајсон Фјури го победи Вајлдер! (ВИДЕО)

Тајсон Фјури доминираше во рингот против Дионтеј Вајлдер, имаше брилијантен настап во рингот, победи во седмата рунда со технички нокаут и стана шампион во тешка категорија. 

Вајлдер не успеа да го одбрани шампионскиот појас, за прв пат загуби во својата кариера. Фјури имаше фантастичен перфроманс и сосема заслужено повторно „кралот“ повторно се искачи на највисокото место во тешка категорија.
 
Со исклучок на воведниот дел од првата рунда, Тајсон Фјури доминираше во мечот, кулминацијата се случи во седмата рунда кога од тимот на Вајлдер фрлија пешкир во рингот кој значеше дека го предаваат мечот.
 
Првиот важен момент се случи во третата рунда кога Вајлдер падна на рингот, беше во нокдаун откако прими силен удар од Фјури во увото. Прв пат се најде во таква ситуација во кариерата.
 
Две рунди подоцна Вајлдер падна во нов нокдаун, Тајсон Фјури имаше офанзивна и брутална тактика, беше само прашање на време кога противникот ќе падне.
 
Фјури моќно напаѓаше, Вајлдер се обидуваше да се брани. Крајот дојде во седмата рунда кога по серија удари од Фјури во лицето на Вајлдер, од корнерот на Американецот фрлија пешкир во рингот што значеше дека го предаваат мечот. Судијата означи крај.
 
Тајсон Фјури сосема заслужено е нов шампион во тешка категорија.
 

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе