Лига на шампиони

Доминација на Челси во дербито против Милан (ВИДЕО)

Челси со убедливи 3-0 го победи Милан кој одигра очајно вечерва, Реал Мадрид со 2-1 го совлада Шахтар, а Халанд даде нови два голови за Манчестер Сити, Јувентус славеше над Макаби Хаифа. 

Денешното дерби од Лигата на шампионите меѓу Челси и Милан помина во апсолутна доминација на сините, росонерите не создадоа ниту шанса.
 
Резултатот беше отворен во 24. минута кога дебитантот Фофана погоди за водство на Челси од 1-0.
 
Во второто полувреме реализираа и Обамејанг и Рис Џејмс за конечна победа од 3-0.
 
Реал Мадрид дојде до планираните три бода против Шахтар, но тоа не го направи убедливо како што се очекуваше.
 
Сите три гола беа дадени во првиот дел. Родриго и Винисиус постигнаа голови за Реал Мадрид, Зубков даде погодок за гостите.
 
Ерлинг Халанд даде два гола во победата од 5-0 над ФК Копенхаген. Норвешкиот напаѓач можеби ќе дадеше уште некој гол, но Гвардиола го извади на полувреме.
 
Останатите голови за Сити ги постигнаа Махрез и Алварез, а еден погодок беше автогол.
 
Јувентус со 3-1 славеше над Макаби Хаифа. Два гола постигна Рабио, еднаш погоди Влаховиќ.
 
Меси даде убав гол за ПСЖ, но францускиот клуб не победи на гостувањето кај Бенфика, мечот заврши 1-1.
 
Борусија Дортмунд со убедливи 4-1 славеше на гостувањето кај Севиља. Белингем, Гереиро, Адејеми и Бранд беа стрелци за германскиот клуб, Ен Несри погоди за домаќините.
 
Претходно Лајпциг со 3-1 го победи Селтик, а Салцбург со 1-0 славеше над ПСЖ.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе