Брендан Роџерс добил идеја како да ги мотивира играчите

Документарната серија „Последниот танц“ за Мајкл Џордан како мотивација за фудбалерите на Лестер

Брендан Роџерс бара начини како да ги мотивира своите фудбалери да продолжат со големата форма и да се задржат на позициите кои водат во Лигата на шампионите.

По 29 одиграни кола во Премиерлигата, Лестер е на третото место на табелата. Во продолжение од сезоната натпреварите ќе се играат без публика, па Брендан Роџерс стравува дека тоа може да влијае негативно на мотивацијата на неговите фудбалери и тие да паднат во формата.

Во средината на април кога се опоравуваше од коронавирусот, Брендан Роџерс го изгледал документарецот за Мајкл Џордан и Чикаго Булс, „Последниот танц“ и решил со него да ги мотивира и фудбалерите.

Тој од неговиот кревет испратил видео порака до нив: „Не знам што гледате во слободно време, но ако имате шанса почнете да го гледате „Последниот танц“. Ако сакате да знаете што значи да сте елитен спортист и како се подготвува на врвно ниво, фокус, посветеност да се победува и да се станува подобар, треба да го изгледате“.

Роџерс е импресиониран од серијата, тој ги прочитал и книгите од тренерот на Чикаго Булс, Фил Џексон и е фасциниран како Џексон емоционално влијаел врз играчите. Не само од Џордан, како тој го вадел најдоброто од сите.

„Џордан беше даруван со талент. Но тој го максимизираше својот талент. Неговиот менталитет и се тоа што го правеше за да биде најдобар, треба секој играч да го следи. Се работи за напорот кој го вложува за да биде подготвен, за неговиот менталитет и како страда за да успее“.



„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе