Наскоро треба да биде донесена одлука

Договорот на Ангеловски со ФФМ заврши, дали ќе биде продолжена соработката или Македонија ќе добие нов селектор?

Со завршувањето на мечот меѓу Ерменија и Македонија заврши договорот на селекторот Игор Ангеловски со Фудбалската федерација на Македонија, допрва ќе се одлучува за продолжување на соработката. 

Фото: ФФМ - Игор Паневски
Игор Ангеловски испиша историја со македонската фудбалска репрезентација со пласманот на Европското првенство, но официјално неговиот договор со ФФМ заврши.
 
Договорот меѓу ФФМ и Ангеловски е со трајност до крајот на оваа година, а денешниот меч беше последниот за нас во 2020. Тој на клупата на Македонија седна во 2015 година, успеа да го убеди Горан Пандев да се врати во составот кој тогаш не беше во репрезентацијата. 
 
Ангеловски направи одлична атмосфера во составот, формираше една целина од фудбалери кои на Македонија и донесоа голема радост пласирајќи се на континенталниот собир.
 
Од ФФМ пред мечот со Грузија рекоа дека сега фокусот е на тој натпревар, а за евентуалниот нов договор ќе се размислува по тој меч.
 
Се шпекулираше дека односите меѓу селекторот Ангеловски и ФФМ не се идеални веќе извесно време и доколку не успеевме да се пласираме на ЕП тој сигурно ќе биде сменет, но во оваа ситуација работите стојат поинаку. Фудбалерите сигурно нема да бидат среќни ако друг ги води на Европско првенство, па секоја друга одлука на ФФМ освен продолжување на соработката за Ангеловски може да предизвика гнев кај нив.
 
Јасно е дека Ангеловски заслужува нов договор, во најмала рака да ја води репрезентацијата на Европско првенство, но двете страни треба да седнат на маса и да си подадат рака за продолжување на соработката.

Легенда под Главна слика

Фото: ФФМ - Игор Паневски

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе