Франс Фудбал ги избира најдобрите

Доделени првите награди во Париз: Педри најдобар млад фудбалер, Левандовски најдобар голгетер

На церемонијата во Париз за престижната „Златна топка" се доделни првите награди, Педри од Барселона е најдобар млад фудбалер, Роберт Левандовски е прогласен за најдобар голгетер.

Уште една награда за големиот талент на Барселона, откако беше избран за „Златно момче“, вечерва Педри го доби и „Копа трофеј“, признание за најдобар млад фудбалер во изборот на Франс Фудбал.

„Сакам да се заблагодарам на Барса, тренерите, играчите, особено капитените, кои ми помогнаа полесно да се адаптирам. Сакам да му се заблагодарам и на Меси, за се што стори за мене и советите кои ми ги даде“ – рече Педри, кој неодамна наполни 19 години.

Потоа на ред беше новата награда, за најдобар голгетер, која заврши во рацете на Роберт Левандовски од Баерн Минхен.

„Горд сум на овој трофеј. Знам што значи да бидете подготвен да постигнувате голови. Морам да им се заблагодарам на соиграчите и тренерите, без нив, немаше да успеам. Сакам да му се заблагодарам на семејството, тоа ми значи многу, ме туркаат да продолжам“ – вели Полјакот.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе