Рајо добил конкретен предлог

Додека Барса калкулира, клуб од Саудиска Арабија доставил понуда за Столе Димитриевски

Новинарот Фабрицио Романо открива дека Ал Наср доставил понуда за услугите на Столе Димитриевски вредна 3,5 милиони евра, Рајо се надева дека ќе успее да го задржи Македонецот.

Столе Димитриевски изминатиов период е дел од трансфер шпекулациите, се говори дека голманот е на радот на Барселона, но „каталонците“ за да повлечат потег, треба да се ослободат од Нето.

И додека клубот од Камп Ноу калкулира, клуб од Саудиска Арабија доставил конкретен предлог.

Како што пренесува Фабрицио Романо, Ал Наср понудил 3,5 милиони евра за услугите на Македонецот. Во моментов нема договор помеѓу двата клуба, Рајо се надева дека ќе успее да го задржи Столе Димитриевски.

Добро упатениот новинар исто така додава дека во моментов нема преговори помеѓу Рајо и Барселона.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе