Столе Димитриевски изминатиов период е дел од трансфер шпекулациите, се говори дека голманот е на радот на Барселона, но „каталонците“ за да повлечат потег, треба да се ослободат од Нето.
И додека клубот од Камп Ноу калкулира, клуб од Саудиска Арабија доставил конкретен предлог.
Како што пренесува Фабрицио Романо, Ал Наср понудил 3,5 милиони евра за услугите на Македонецот. Во моментов нема договор помеѓу двата клуба, Рајо се надева дека ќе успее да го задржи Столе Димитриевски.
Добро упатениот новинар исто така додава дека во моментов нема преговори помеѓу Рајо и Барселона.