Интересни сцени во Нижни Новгород

Додека Англичаните го славеа погодокот на Кејн, Панама тргна да им даде гол (ВИДЕО)

Наводното ново правило или „дупката" за која изминатиов период се пишуваше на социјалните мрежи очигледно не постои откако судијата не им дозволи на фудбалерите на Панама веднаш да трнат од центар

На дуелот помеѓу Шпанија и Португалија имаше момент кој предизвика голема дебата на социјалните мрежи. Фонте не го славеше погодокот на Кристијано Роналдо заедно со соиграчите, и додека сите се радуваа покрај аут линијата, дефанзивецот остана во теренот.

Ова наводно било поради некое ново правило на ФИФА (кои официјално никаде не го пишува) според кое противниците можат веднаш да тргнат од центарот доколку сите играчи, не сметајќи го голманот, се надвор од теренот.

Официјалните правила велат дека од центар може да се тргне само доколку играчите на двата тима се на своите половини и пред се судијата треба да свирне за да означи старт. Но на социјалните мрежи се говореше за „дупка“ во правилата, и тоа што сите играчи се надвор од теренот значело дека не се на противничката половина па играта можела да почне а веста брзо се рашири низ медиумите.

Токму една вакво сценарио се обиде да издејствува Панама. Хари Кејн погоди од пенал, а Англичаните тргнаа да се радуваат покрај гол аут линија. Фудбалерите на Панама брзо изведоа од центар и тргнаа по погодок, но судијата им ја прекина акцијата.

Очигледно некој не ги знае правилата, дали се тоа фудбалерите на Панама или пак судијата, останува да се види.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе