Демант на синоќешните гласини за развод на ЦР7 и Јувентус

Добро упатен новинар и пријател на Роналдо вели: Преку глава му е да игра сам во Јуве, но нема да замине!

Новинарот Еду Агире негира дека Кристијано Роналдо сака да замине од Јувентус, тој открива дека на ЦР7 му е преку глава што сам игра но и покрај тоа ќе продолжи со клубот од Торино.

По елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите, медиумите од Италија пишуваа за развод помеѓу Кристијано Роналдо и Јувентус. „Ла република“ пренесе дека Португалецот ги известил директорите на „Старата дама“ дека заминување во 2020.

Сепак, новинарот Еду Агире, кој е добар пријател на ЦР7 и беше во Торино во вторникот каде се поздрави со играчот во микс зоната, вели дека нема вистина во ваквите стории.

„На Роналдо му е преку глава да игра сам. Тој е најдобар стрелец на Јуве, најдобар асистент, постигнува важни голви на големи натпревари... “ – вели Агире за емисијата “Чирингито“.

„Но не е точно дека го известил директорите дека сака да замине“.

За „Чирингито“ коментар за ситуацијата на Португалецот додоа и новинарката Росио Мартинез и новинарот Томас Ронсеро.

„Тој жали за изборот што го направи. Свесен е дека погреши што го напушти Реал Мадрид за Јувенутс“ – вели Мартинез.

Ронсеро, пак кој е огромен фан на Кристијано Роналдо и дури пушти солзи по елиминацијата од Ајакс, се надева на негово враќање во Мадрид.

„Враќање на Зидан ни изгледаше невозможно, но се случи. Па зошто и Роналдо да не се врати сега?“

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе