Ќе биде подготвен за квалификациите за СП

Добри вести од Динамо Загреб, повредата на Адеми не е сериозна

Иако најавите од хрватските медиуми беа дека Адеми го очекува пауза од околу три месеци поради сериозна повреда, сепак од Динамо Загреб смируваат, и велат дека не е така. 

За да престанат шпеулациите околу повредата на Адеми, Динамо Загреб излезе со официјално соопштение.
 
„Врз основа на големиот интерес на медиумите и некои неосновани информации што се појавија во медиумите, а поврзани со шпекулациите за здравствената состојба на капитенот на Динамо, ја информираме јавноста дека лекарските тестови покажаа мало оштетување на десниот мускул на ногата. Клупската медицинска служба го почна процесот на рехабилитација и физикална терапија, а во зависност од текот на овој процес ќе се дефинира времето на враќање на нашиот капитен во тренажниот процес. Адеми денеска веќе се чувствува многу подобро“, изјавија од Динамо.
 
Тоа значи дека Адеми ќе биде подготвен за настапите на македонската репрезентација во квалификациите за СП.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе