Вардар никако да врзе континуитет на натпревари, па ракометарите немаат слика во каква форма се. Тимот на Стевче Алушевски утре конечно има нов предизвик од Лигата на шампионите, во Скопје доаѓа Кјелце.
„Целата сезона е навистина тешка за нас, бидејќи немаме континуитет на натпревари и моментално не знаеме каде сме. Мислам дека е тешко за нас, бидејќи не играме ниту во СЕХА ниту во македонското првенство. Искрено не можам да очекувам ништо во четврток, бидејќи немаме никакво чувсто на играње натпревари. Одигравме три меча за три месеци. Ние секако дека сакаме да победиме, но сигурно нема да биде лесно. Кјлеце е во добар натпреварувачки ритам, на половина се од нивното домашно првенство“, вели Кристијан Дисингер.
„Сакавме да ја почнеме сезоната добро, но ете не можеме да фатиме ритам. Секако дека има притисок врз нас, Кјелце е во добра позиција во групата и ние мораме да победиме за да имаме добар пласман. Следниот наптревар повторно го играме против Кјелце и тоа на гостински терен и секако дека би било добро да отидеме таму со победа“.